Свет
30. јуни 2016 - 8:59

Обама загрижен поради долгорочниот светски економски раст по брегзит

Американскиот претседател Барак Обама изјави синоќа дека очекува светската економија краткорочно да биде стабилна по брегзит, но изрази загриженост поради долгорочниот глобален раст.

Обама кој учествува на самитот на држави од Северна Америка што се одржува во Канада, наведе дека глобалните пазари во извесна мерка се смирени по одлуката на Британија да ја напушти Европската унија.

Тој доадде дека верува оти краткорочно гледано светската економија ќе биде стабилна.

Тој сепак, рече дека постои загриженост на долгорочен план во врска со глобалниот раст ако поради брегзит бидат замрзнати можностите за инвестирање во Велика Британија или Европа во целина.

– Во време кога глобалните стапки на раст се слаби, ова не помага, нагласи американскиот претседател на заедничка прес конференција со канадските и мексикански лидери.