Свет
16. March 2016 - 17:05

Обама во посета на Велика Британија, земјите од Персискиот Залив и Германија

Американскиот претседател Барак Обама следниот месец ќе оствари средби со лидерите на неколку земји од Персискиот залив, Велика Британија и Германија, соопшти Белата куќа.

Тој ќе учествува на самитот на лидерите на народите од Советот за соработка на земјите од Заливот на 21 април, кој ги вклучува Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, се наведува во соопштението.

Во Велика Британија Обама ќе се сретне со кралицата Елизабета и премиерот Дејвид Камерон.

По посетата на Британија, планирано е да отпатува и во Германија каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.