Обама упати апел за поддршка на Ердоган
Американскиот претседател Барак Обама рано изутринава ги повика сите сили во Турција да ја поддржат демократски избраната Влада на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Како што соопшти Белата куќа, Обама за случувањата во Турција телефонски разговарал со државниот секретар Џон Кери, кој се наоѓа во Москва.
- Претседателот и државниот секретар сметаат дека сите сили во Турција треба да ја поддржат демократски избраната Влада во земјата, да демонстрираат воздржаност и да не дозволат насилство и крвопролевање, нагласи Белата куќа.
Во врска со случувањата во Турција се огласи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој повика на смирување и на целосно почитување на демократските институции во земјата.
- Повикувам кон смирување и воздржаност и кон целосно почитување на демократските институции во Турција и на нејзиниот Устав, се наведува во кусото соопштение на Столтенберг.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите