Свет
24. јуни 2016 - 16:43

Обама: САД ги задржуваат своите односи со Британија

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека ја почитуваат одлуката на Велика Британија за напуштање на Европската унија и односите меѓу Вашингтон и Лондон ќе останат непроменети.

– Граѓаните на Велика Британија се изјаснија и ние ја почитуваме таа одлука, наведе Обама во соопштение.

Тој нагласува дека Британија и ЕУ ќе останат незаменливи партнери на САД и во пеиодот на преговори за нивните меѓусебни односи.