Свет
30. November 2015 - 8:49

Обама и Оланд им оддаоа почит на жртвите во Батаклан

Американскиот претседател Барак Обама, кој во текот на ноќта пристигна на аеродормот Орли, за да учествува на денешното отворсање на Конферецнијата за климатските промени (КОП21), директно замина пред Батаклан за да им оддаде почит на жртвите од терористичките напади, јави дописникот на МИА од Париз.

Обиколен со импозантно обезбедување, Барак Обама остана долго пред концертната сала. Тој беше придружува од претседателот Франсоа Оланд и градоначалничката на Париз, Ане Идалго.

Сите тројца положија по една бела роза во сеќавање на жртвите.

На 13 ноември терористите влегоа во салата за време на концертот и убија 90 лица.