Свет
19. September 2016 - 22:53

Обама ги пофали граѓаните за храброста

Претседателот на САД, Барак Обама денеска ги пофали граѓаните на Њујорк и на Њу Џерси за храброста што ја покажаа изминатите денови, кога местата на кои живеат уште една беа мета на напади.

- Во моменти како овој, важно е да се сетиме што се обидуваат терористите и екстремистите. Тие се обидуваат да повредат невини луѓе, да предизвикаат страв и да ги нарушат нашите животи. Луѓето овде не се плашат. Тие се цврсти и отпорни, посочи Обама.

Полицијата во Њу Џерси денеска го уапси Ахмад Кан Рахами, американски државјанин роден во Авганистан. Тој е осомничен за предизвикување на експлозија во Њујорк и во Њу Џерси за време на викендот.