Обама: Да се отфрли јазикот што потхранува страв и омраза
По трагичните настани викендов во САД синоќа со изјава на Твитер се јави и поранешниот американски претседател Барак Обама.
Во сопштението, иако директно не го именува неговиот наследник, тој алудираше дека најодговорен за расните поделби и омразата во земјата е токму претседателот Доналд Трамп.
-Треба разборито да се отфрли јазикот изустен од кој и да било од нашите лидери што ги потхранува стравот и омразата. Лидери кои ги демонизираат оние со друга боја на кожата или убедуваат дека другите, вклучувајќи ги имигрантите, се закана за нашиот стил на живот, или се обраќаат кон други како кон луѓе од понизок ранг, или имплицираат дека Америка им припаѓа само не одреден тип на луѓе, изјави Обама.
Испрати сочувство до жртвите на нападите и нивните роднини и истакна дека „ниту една друга земја нема масовни пукотници со таква зачестеност како овде во САД. Ниту една друга развиена земја толерира такво оружено насилство како нашата“.
Обама испрати критика до оние кои сметаат дека „построги закони за контрола на носењето оружје нема да ги запрат убиствата“.
Убиецот од Ел Пасо бил мотивиран од омраза кон јужноамериканските доселеници и според Обама „проблематичните индивидуи ја прифаќаат расистичката идеологија и се обврзуваат да вршат насилство во име на супериорност на белата раса“.
Обама претходно повеќепати укажа дека жали оти за време на неговото претседателство не успеал да издејствува закон за контрола на оружјето во САД.
Во Твитер пораката денеска тој укажа дека се додека не се повикаат на одговорност политичарите кои можат да го променат законот, овие трагедии ќе се случуваат и понатаму“.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО