-->
-->
Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата
-->
Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи Ирецот Конор Мекгрегор.
Нурмагомедов доминираше во првите две рунди, но ирскиот борач успеа да се врати во третата рунда. Мекгрегор имаше поголем број значајни удари и ја доби oваа рунда.
Во следната рунда видливо беше дека ирскиот борач нема доволно сила и Нурмагомедов го присили Мекгрегор да се предаде.
По завршувањето на борбата се случи и инцидент, кој за среќа кратко траеше и заврши без повредени.
Нурмагомедов го нападна спаринг - партнерот на Мекгрегор, а потоа започна физичка пресметка меѓу повеќе лица. По натпреварот тројца членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени поради напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто