Балкан
10. July 2016 - 14:02

Нуланд од Приштина бара зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд за време на денешната посета на Приштина побара од косовските вкасти да го зајакнат владеењето на правото и да ја засилат борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Како што јави дописникот на МИА, посетата на Приштина, Нуланд ја почна со средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, а потоа се сретна и прммиерот Иса Мистафа и со првиот човек на Парламентот на Косово, Кадри Весели.

Кабинетот на Весели соопшти дека на средбата дека разговарано за „актуелните процеси низ кои минува Косово“.

- Нуланд рече дека Владата на САД продолжува со силната подршка за Косово во неговото чекорење напред. Во тој контекст таа нагласи дека зајакнувањето на владеењето на правото и правосудниот систем и борбата протит корупцијата и организираниот криминал, се од суштинско значење за напредокот на Косово, стои во сопштението од Кабинетот на Весели.

Од своја страна, Весели изјавил дека Приштина останува целосно посветена на агендата на зајакнување на владеењето на правото во Косово и на спроведување на институционалните реформи кои се потребни за остварување со евроатлантските амбиции на земјата.

На средбата станало збор и за трансформацијата на косовските безбедносни сили, како „неопходен процес во рамките на зајакнување на косовската држава“.

По пристигнувањето во Приштина на новинарско прашање за целта на нејзината посета, Нуланд одговори дека „има многу теми за разговор“.