Живот
31. December 2017 - 19:15

Новогодишна декорација поради која соседите повикаа полиција: Настана паника, дојдоа пожарникари и итна помош

Ако поентата на новогодишното украсување на куќата е целото соседство да раскажува за вашите украси, тогаш Крисл Олсон од Денвер сигурно успеа во тоа. И не само тоа, туку многумина од соседството поради неговите декорации повикаа полиција.

Олсон првично имал идеја само да се пошегува со својата жена, но неговата неуспешна шега предизвика паника во соседството. Имено, тој одлучи да направи кукла со димензии како него, да ја облече со својата стара гардероба и ја ја закачи на работ од покривот на нивната семејна куќа.

Шегата пропадна зошто жената пред неколку дена ја нашла куклата во гаражата пред да успее да ја изненади. Помалку разочаран зошто не му успеал планот, Олсон сепак се одлучил да ја спроведе замислата до крај.

Декорацијата на куќата претставува човек како се држи на работ од покривот, како да го закачува осветлувањето па останал да виси зошто му паднале скалите.

-Седејќи во куќата слушнавме човек како притрчува во нашиот двор и вика: Господине, господине, држете се, ви треба помош, а потоа сфатив дека тоа не вистински човек, раскажа Олсон смеејќи се.

Меѓутоа, шокот на соседите не бил ништо наспроти шокот на Олсон кога пред куќата видел противпожарно возило, итна помош и полиција. Повеќе луѓе од соседството пријавиле човек како виси од покривот и побарале помош од службите.

Кога Олсон помислил дека шегата отишла предалеку, размислувал да ја тргне куклата од покривот но се изненадил од реакцијата на полицијата кој не сметала дека неговиот штос е смешен.

Со оглед на тоа дека на Олсон не му е првпат да прави вакви неумесни шеги, бидејќи израснал во семејство каде ваквите работи биле нормални па, следниот пат одлучи кога ќе смисли нешто однапред да ја извести полицијата.