Ново здружение за заштита на авторски музички права
Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ формира ново здружение за заштита на авторски музички права „СОКОМ-МАП“.
Како што информираат од Здружението, тоа е формирано со цел да се подобри статусот на авторите и заштитата на нивните права, откако голем број членови незадоволни од работата на ЗАМП го откажаа своето членство и ги напуштија органите.
- Во моментот СОКОМ-МАП е отворен за пристапување на нови членови - автори на секаков вид на музика, а во текот на наредната недела ќе ги формира своите органи и ќе поднесе барање за лиценца до Министерството за култура, се наведува во сооштението.
Од здружението ги повикуваме сите автори кои се заинтересирани да пристапат кон новата организација за колективно управување со авторските права и да го дадат својот придонес и активно да учествуваат во работата на СОКОМ-МАП.
Новото Здружение ќе биде сместено во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари