Ново судење за масакрот кај Смилковци - се разгледуваат жалбите за доживотните затворски казни
Во Судот во Скопје денеска ќе има ново рочиште за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Денеска на јавна седница, врховните судии треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни кои на осудените им ги изрече Основниот, а ги потврди и Апелациониот суд.
Случајот пред Врховниот суд го застапува обвинителката Лилјана Спасоска која неодамна беше назначена за в.д. јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски.
Инаку, рочиштето минатиот пат беше одложено поради барање на адвокатот на одбраната Амир Алиспахиќ, кој го извести судот дека е на патување надвор од земјата.
За потсетување, незапаметениот масакр кој ја потресе Македонија се случи на 12 април во 2012 година. Животите ги загубија тинејџерите Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45).
На Велили Четврток беше брутално стрелано во младите мочиња и повозрасниот маж кај Смилковско Езеро.
За денеска беше закажано и продолжението на судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, но е преместено за во четврток.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација