Македонија
14. July 2021 - 16:42

Ново обвинение за Јанакиески, за набавката на двокатни автобуси ќе одговара и Јанушев

Поранешниот министер за тарнспорт и врски Миле Јанакиевски доби уште едно обвинение. Кривично ќе одговара и за набавката на двокатните автобуси. Обвинителството утврдило дека на тендер фаворизирал фирма која не ги исполнувала условите. Покрај него обвинет е и пратеникот Игор Јанушев и уште две лица.

Имено, по три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година,  во месец февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот  М.Ј.(43), Обвинетите постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него, се вели во соооштението на обвнителството.

Јанушев вели дека не е изненаден од фактот што обвинителството покрена обвинение против него.

И Јанакиевски кој денеска беше на судењето за наводните органзиатори на 27 април смета дека целта е да се дефокусира јавноста од актуелни теми.

Обвинетите кои според обвинението го оштетиле буџетот за околу 5 милиони евра, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службена положба.