Македонија
2. March 2016 - 16:37

Ново намалување на лековите - два пати оваа година

Годинава лековите ќе поевтинат уште два пати. Еднаш на крајот на март и вториот пат во октомври. Претходните 4 години, 8 пати се намалуваа цените на лековите.

-Тоа е уште една мерка која дава одлични резултати и покажува една сериозна разлика помеѓу владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и владата која беше предводена од СДСМ. Во нивно време постојано се зголемуваа цените на лековите и тогаш во Македонија имаше едни од најскапите лекови во Европа, што беше терет на грбот на граѓаните, а во корист на неколку поединци блиски до тогашната власт. Сега работите одат обратно, цените постојано се намалуваат, секоја година имаме нови намалувања. Како што се завршуваат пресметките за тоа кај кој лек може да се најде простор за симнување на цената, а притоа да не стане неисплатлив за увозникот или производителот тој да се носи во Македонија, на две тури во годината практични се врши намалување на цената на лековите, истакна Никола  Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Досега  беа намалени цените на 4700 лекови, а заштедата на граѓаните изнесува 33 милиони евра.