Ново истражување: Мажите сакаат жени со стомаче
Понекогаш истражувањата можат да не однесат во депресија, но овој пат приказната е поинаква.
За време на Божик доаѓаат добри вести од порталот „Фир Рејтед“, кој спроведе едно истражување за тоа какво тело најмногу ги привлекуваат луѓето - слабо, „обично“, мускулесто или заоблено,
Во истражувањето учествувале две илјади луѓе, а резултатите се категоризирани врз основа на возраста, полот и сексуалната ориентација.
Резултатите покажаа дека геј мажите имаат најголеми барања, преферираат силни и „стегнати“ тела. Жените, од друга страна, таквите тела не ги ставаат на прво место, а ако се верува на резултатите, тие бараат „обични“ мажи - ни близу на оние кои изгледаат како главните ликови на романтичните комедии.
Жените со хомосексуалната ориентација исто така, преферираат „обични“ жени - ниту претерано фит, ниту тело на Софија Вергара, само обични жени.
Жените од хетеросексуалната ориентација ќе може најмногу да се израдуваат, затоа што ова истражување покажува дека дури 48 отсто од мажите преферираат жени со облини - конкетно сакаат жени кои имаат стомаче.
Што да се каже? Замрзнете го членството во фитнес клубовите, фрлете ги ДВД-та со вежби и уживајте во празниците.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море