Македонија
4. July 2018 - 16:20

Новите 125 професионални војници на АРМ ќе бидат првата генерација која ќе служи во армија полноправна членка на НАТО

Во АРМ ќе служат нови 125 професионални војници од кои 15 се женски. Новите припадници на армијата својата кариера ќе ја развиваат целосно по стандардите на НАТО порача премиерот Заев кој присуствуваше на свеченото  доделување  договори за работа.

Да се биде војник на НАТО е да се работи по подобри услови порача Заев и потенцираше дека токму затоа Владата почнала со зголемување на ставката од буџетот за одбраната.

 Самитот на Алијансата и поканата за членство на државата  се нов почеток кој гарантира безбедна иднина за граѓаните порача министерката Шеќеринска. Членството во НАТО ќе ја зголеми безбедноста а таа е предуслов за економски развој порача министерката која за позитивен пример ја посочи Бугарија.

Ова е прва група војници од вкупно 375 нови  кои треба да бидат примени во Армијата.