-->
-->
Новиот вид на коронавирус забележан и во Германија
-->
Новиот вид на коронавирус, кој рапидно се шири во Велика Британија, е регистриран и во Германија, објави Министерството за здравство на германската провинција Баден-Вyртемберг.
Во соопштението објавено на „Твитер“ се вели дека едно лице на кое му е дијагностициран нов вид на коронавирус, патувал со авион од Велика Британија во Франкфурт во неделата на 20 декември, во посета на роднини.
По пристигнувањето, лицето било тестирано позитивно на новиот вид на вирус и е во самоизолација, откако членовите на семејството дошле да го земат со автомобил на аеродромот.
Бројни земји ги забранија влезните летови од Велика Британија, откако минатата недела во таа земја беше регистриран нов вид на коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец