Македонија
2. July 2020 - 9:28

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, на возраст од 57 години, е син на претходно заболен 80-годишен кавадарчанец.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, утрово потврди дека новозаболеното лице претходно било во изолација, заради потврдениот случај на коронавирус во семејството. Има лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

Јовановски појасни дека вчера попладне потврдените два случаи и овој кој бил потврден доцна синоќа, ќе бидат дел од денешната официјална статистика на новозаболени во земјава.