Новиот полски претседател Анджеј Дуда денеска стапува на должноста
![]()
Денеска заклетва ќе положи и на должноста ќе стапи новиот полски претседател Анджеј Дуда, пренесува БТА.
На изборите во мај кандидатот на опозициската конзервативна партија „Право и правда“ во вториот круг го победи претседателот Бронислав Коморовски, добивајќи ја поддршката од 51,55 отсто од избирачите, потсети ТАСС.
Давањето заклетва ќе се одржи во Сејмот, Долниот дом на полскиот Парламент.
По оваа церемонија Дуда ќе положи цвеќе во Сејмот пред спомен плочите на парламентарците кои загинаа во авионската несреќа во Смоленск и за време на Втората светска војна.
Претседателската двојка потоа ќе присуствува на молебенот во главната катедрала во Варшава, а оттаму ќе замине за Кралскиот замок, каде Дуда ќе ги добие претседателските инсигнии.
Попладнево тој ќе пристигне во претседателската палата каде ќе му одаде почит на претседателот Лех Качински и неговата сопруга Марија, кои загинаа во авионската несреќа на 10 април 2010 година кај рускиот град Смоленск. Попладне тој на плоштадот „Пилсудски“ ќе го преземе и командувањето со полските вооружени сили.
Дуда (44) ја почна својата предизборна кампања со уверенноста дека ќе биде претседател на сите Полјаци. Неговото доаѓање на претседателската должност ќе ја стави пред нови предизвици сегашната Влада, коментираат набљудувачите. Иако се очекува да политички неутрален, тој вети дека ќе ги отфрли сите предложени закони, кои имаат за цел да ја променат земјата. Дуда, исто така, јасно порача дека нема намера да се ограничува единствено на своите церемонијални задачи и дека е подготвен „да на прероди републиката“.
Како претседател тој ќе има право на вето врз законите, донесувани од Парламентот, а, исто така, да предлага свои законски проекти, посочува ДПА.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
