Бизнис
21. April 2021 - 16:41

Новиот пакет за опозицијата е трошки, за власта ефективни мерки

За опозицијата трошки, за власта ефектна помош. Различна е перцепцијата за последниот пакет помош кој државата го нуди на стопанството. ВМРО-ДПМНЕ во соопштение напиша дека ни со овој пакет нема мерки за бизнис секторот да си ги покрие загубите.

„Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите. Наместо поддршка кон стопанството, мерките ќе ги претворат најкритичните економски сектори во најкритични социјални сектори, а последицата ќе биде технолошки вишок на вработени или КОВИД-19 стечајци. Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење“, стои во соопштението на опозицијата.

Вицепермиерот Битиќи пак вели дека благодарение на владината помош економијата лани паднала само за 4,5%. Да не беа мерките падот ќе изнесувал 8,7%. Шестиот пакет пак презениран вчера тежи близу 18 милиони евра и ефектот и од него ќе биде видлив.

Со последниот пакет мерки опфатени се 10.000 компании од 12 сектори во кои рабтат околу 60.000 работници.