Фудбал
9. November 2019 - 10:41

Новиот лидер во Шпанија не успеа да го совлада „фенерџијата“

Екипата на Сосиедад изби на лидерската позиција во пшпанската Примера иако одигра само 1-1 со последнопласираната екипа во првенството , Леганес. 

Домашните беа на прагот на посакуваната победа со голот на Мерино во 63м но во 78-та беа непријатно изненадени од Ен Незири кој го постигна израмнувачкиот погодок за Леганес. 
Сосиедад кој го отвори викенд колото сега има бод повеќе од гигантите Реал и Барселона.