Македонија
12. March 2018 - 16:21

Новинари протестираа против закани и притисоци

„И ние сме копилиња“  „Не се плашиме од пајакот“, „дојде живот за пајаците“- вакви пораки на владата и упатија големиот број новинари кои денеска излегоа на протест против напшади, притисоци и цензура.

Бараат разрешница за случајот во кој функционерот на ДУИ  Бекир Асани јавно му упати закани и навреди на  претседателот на ЗНМ.

На протестот се приклучија и владини функционери и портпароли на дртжавнио институции па новинарите и од нив директно побараа одговори за скандалот.

И вице премиерот Бујар Османи од ДУИ тврди дека неговиот сопартиец Асани нема да биде заштитен од него и владата.

По протестот, Од Основното јавно обвинителство соопштија дека е отворена постапка за расветлување на овој случај.