Свет
3. February 2016 - 19:35

Нови жртви во бранот насилства во Израел и палестинските територии

Тројца Палестинци убија една и ранија друга полицајка од израелската погранична единица по што беа застрелани во близина на Стариод град во Ерусалим.

Напаѓачите носеле ножеви, огнено оружје и експлозиви, соопшти израелската полиција.

Тоа е нов напад, дел од бранот насилства во Израел и палестинските територии каде од 1 октомври лани досега убиени се 164 Палестинци и 26 Израелци.