Нови снежни врнежи на Пониква, сообраќајот без поголеми проблеми
Нови снежни врнежи од изутрината ги прекрија падините на Пониква, со што дополнително се подобрени условите за посетителите да уживаат во зимската сезона.
Во моментот дебелината на снежната покривка е околу 20 сантиметри, а пристапот до рекреативниот центар е без проблеми.
Според информациите од подрачната единица на „Македонија пат“, нивни екипи интервенирале на расчистување на патниот правец, на делницата од Шумската куќа до паркингот пред одморалиштето на МВР.
– На одделни места на патот кон Пониква има остатоци од снег и мраз, но сообраќајот се одвива непречено. Механизацијата и вработените се дежурни на терен и ќе го следат развојот на временската состојба во текот на попладнето, со оглед на новите снежни врнежи, истакна Влатко Митев, раководител на подружницата на „Македонија пат“ – Кочани.
Од локалната самоуправа на Кочани апелираат до посетителите кои доаѓаат со сопствени возила, за паркирање да го користат просторот во месноста Аеродром, за да се избегне метежот на малиот паркинг пред одморалиштето на МВР.
Инаку, скијачките патеки се подготвени, а во функција се и двата ски-лифта, што пред почетокот на сезоната беа целосно реконструирани. За сместување на гостите на рапсолагање им се над 200 легла во неколкуте угостителски објекти, а со претходен договор со сопствениците може да се изнајмат и дел од приватните викенд куќи.
Ново на Сител
-
Стигнаа 10.530 вакцини на Фајзер во земјава, купени со директни преговори со производителот
-
Филипче: Семејството на Верица ќе добие целосна поддршка за решавање на проблемот со вработување
-
Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на еден од загинатите во несреќата кај Ласкарци
-
СЗО ја продолжува светската здравствена вонредна состојба
-
Мицкоски на средба со Паун: Власта потфрли во справувањето со пандемијата
-
Вакцината Астра Зенека нема да се дава на жени под 60-годишна возраст во Бугарија
-
Ефикасноста на Спутник В е 97,6 отсто меѓу 3,8 милиони вакцинирани Руси
-
19 годишна скопјанка нападнала полициски службеник