Фудбал
28. September 2016 - 12:58

Нови скандали со трансферите во Англија

Сем Алардјас не бил единствениот тренер во Англија кој примал поткуп за трансфери на фудбалери. Како што објави Telegraph, кој го откри скандалот поради кој Алардајс си поднесе оставка на селекторската функција, поткуп за трансфери земале уште осуммина сегашни или поранешни тренери во Премиерлигата.
 
Telegraph во вторникот објави снимки на кои новинар на весникот на Сем Алардајс му се претставил како бизнисмен од Далечниот исток. Тренерот за сума од 400.000 фунти му понудил помош во заобиколувањето на травилата за трансфер на фудбалери.
 
Весникот ден подоцна објави дека двајца тренери од Чемпионшип дивизијата (втора лига) примале поткуп, но нивните имиња не се откриени.
 
На најновите снимки на „Telegraph“ е Пино Паљара, италијански менаџер кој нема дозвола за работа, а кој во 2005 година добил петгодишна суспензија поради местење натпревари. Паљара и уште двајца други менаџери ги кажуваат имињата на тренерите, а за петмина тврдат дека лично тие им го дале поткупот.
 
Весникот се согласил транскриптите од снимките да ги достави до Фудбалската федерација на Англија и до полицијата.
 
Истиот извор, во текстот наведува дека Кардиф Сити истражувал еден трансфер со Вест Хем, и тоа во време кога Алардајс бил тренер на лондонскиот тим. Весникот наведува дека ревизорите откриле „неразјаснети исплати“ кога фудбалерот Равел Морисон пристигнал на позајмица во Кардиф во 2014 година и дека во случајот наводно бил вмешан и Паљара.
 
За време на истрагата клубот не го обвинил Алердајс, но не ги известил Федерацијата и полицијата, што исто така преставува кршење на правилата.