Бизнис
4. January 2016 - 17:02

Нови шест регионални патишта од 85 километри ќе се градат 2016 година

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура. Годинава ќе почне изгрдбата на шест нови регионални патни правци. Нови патишта ќе има меѓу  Кочани – Делчево, Пробиштип – Пониква, Тораница – Саса, Мало – Големо Коњарево, Извор – Бошков Мост и приклучокот кон Вевчани.

Изградбата на овие шест патни правци е продолжение на циклусот кој почна лани. Во 2015 се работеше на 13 регионални и магистрални патни правци со вкупна должина од 167 километри и врендост од 50 милиони евра. На дел од нив работите ќе продолжат и оваа година.

Годинава ќе се работи на вкупно 600 километри патна инфраструктура, што е за 200 повеќе од лани или најмногу досега.