Бизарно но вистинито
14. јуни 2016 - 13:47

Нови сандали ги расекле нозете на 2-годишно девојче - врескала од болка!

Само после половина час откако 2-годишната Исма Конор од Велика Британија ги облекла новите сандали, на десниот глужд и се појавил крв кој протекол низ стапалото. Девојчето врескало од болки а нејзините родители кажале дека една од сандалите оставила длабока расекотина на ногата па поради тоа сакаат сандалите да се повлечат од продажба. Гумените сандали Исма ги добила како поклон за роденден, а купени биле во продавница Некст по цена од околу 650 денари.
 
 
- Среќна трчаше со нив но тоа траеше само половина час, дотрча во солзи. Стапалото и беше прекриено со крв па Исма никако не можеше да се смири. Разбирам дека новите чевли можат често да предизвикаат рани на стапалата, но ова е страшно. Многу сум разочаран бидејќи често купуваме таму - рекол таткото на Исма, Нил.
 
Нејзината мајка Лиса го фотографирала стапалото со сандалите и го објавила на Интернет со предупредување за другите родители да не ги купуваат истите сандали.
 
- Родителите кои ги видеа фотографиите коментираа дека имале слични проблеми со истите сандали - додала мајката.
 
Од продавницата пак од каде се купени сандалите изразиле жалење за тоа што се случило, како и дека се превземени мерки за повлекување на сандалите. Ги замолиле родителите на Исма да ги вратат сандалите за да можат да истражат што точно се случило, пишува Деили Меил.