Бизнис
14. July 2020 - 16:42

Нови протоколи за работа на кафеаните и кафулињата, забавите остануваат забранети

И покрај укинувањето на ограничувањата за седење на маса дел од угостителите ќе останат со клуч на врата затоа што сеуште се забранети прослави. Велат дека е добро што се донесоа нови протколи со кои  на една маса во кафуле веќе не мора да седат четворица, а да се од иста фамилија, но очекуваат наскоро да се дозволи и организирањето на прослави за некои угостители да можат да отворат, во спротивно ќе мора да се откажат од бизнисот. Тврдат дека изминатиов период и покрај забраната има објекти во кои се прават забави и тоа без протоколи, што е опасност за ширење на вирусот. Во меѓувреме на социјалниет мрежи ноќни клубови и дискотеки рекламираат забави со бендови и покрај забрана за свирки.

Во моментов угостителите работат со загуби, се надевата дека ваквите олеснувања ќе им помогнат финансиски да закрепнат.

Сите други правила за работа на угостителите остануваат исти. 12 лица  на една маса мора да седат на растојание од метар и половина, на секоја маса мора да има дезинфекција, масите да се на растојание. Од неодамна им се дозволи на угостителите гости да примаат и во внатрешните делови.