Нови протести во Тел Авив против корупцијата (КРГ)
Илјадници Израелци минатата ноќ излегоа на улиците во Тел Авив на протест против корупцијата и побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Според весникот „Аарец“, околу 10.000 луѓе учествувале на синоќешните протести во Тел Авив, а само стотици се појавиле во Хаифа, додека на 3 декември имаше 50.000 протестирачи на истата локација во Тел Авив.
Според израелските медиуми, демонстрантите сега се помалку, бидејќи популарноста на премиерот се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел.
Демонстрантите извикуваа „срам", „мафија" и „Биби, оди си“. Протестот беше претставен како непартиски, а дел од учесниците носеа маички со зборовите „Ниту десно ниту лево". Тие извикуваа слогани против Нетанјаху, кој беше испрашуван во рамките на две истраги за корупција и против главниот обвинител Авишаи Манделбилт, обвинет за прикривање на премиерот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација