Нови протести против мерките за штедење во Атина
Илјадници Грци синоќа се собраа на нови протести пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, за да го изразат своето незадоволство од најновите мерки за штедење што ги најави Владата, јавија грчките медиумите.
Воведувањето на новите мерки на штедење, на кои инсистираат меѓунардоните кредитори на Грција, се услов за исплата на нова транша од кредитот за спас на земјата.
Демонстраните собрани на централниот атински полштад „Синтагма“ носеа транспаренти со барања за оставка на актуелната коалициска Влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас и извикуваа „Срамота!“
- Протестираме против лагите кои премиерот Алексис Ципрас му ги кажува на грчкиот народ. Тие ја уништија Грција, изјави за една грчка телевизија 60-годишниот демонстрант Јоанис Пападопулос, држејќи транспарент со натпис „Оставка“.
Вчерашниот собир, кој беше најамасовен антивладин протест во Атина од февруари годинава, траеше кусо и мина без инциденти.
Протестот беше организиран додека во зградата на Парламентот се одржуваше седница на која пратениците расправаа за предлог-законот со кој на големите инвеститори им се гарантира дека во следните 10 години нема да се соочат со зголемување на даноците и другите давачки.
Целта на оваа владина мерка е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата и да се обезбеди економски раст, по седумте години рецесија.
Владата ја обвини опозицијата дека е иницијатор на синоќешните протести, но официјалните организатори на собирот категорично го отфрлија ваквото обвинување.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок