Македонија
7. May 2021 - 19:42

Нови признанија на вина за фалсификувањето на пасоши, само тројца обвинети се спротиставија на обвинението

Уште две пресуди за случајот Двојник. Двајца обвинети за фалсификување пасоши признаа вина и добија затворски казни.  Шемседин Јашари доби година и 7 месеци затвор, a Оливера Софрониевска 2 години и 5 месеци, продолжен и е и притворот. Двајцата добија забрана за вршење на професијата во следните 10 години.

Адвокатот на Јашари е задоволен од пресудата. Одбраната на Софрониевска, се уште не одлучила дали ќе се жалат. 

Обвинителката е задоволна од начинот и темпото со кое се одвива случајот. Сепак таа откри дека истрагата до сега не успеала да утврди колку пари земале обвинетите за да го извршат делото. 

Пред два дена паднаа првите пресуди и тоа вкупно 5 на број. Четворица добија затворски казни во висина од 2 до 2 години и 7 месеци. Изречена беше и една условна. За едно лице постаппката е одвоена, поради здравствени причини, но обвинетата преку својот адвокат најави дека ќе признае вина. Од вкупно 11 кои Обивнителството ги гони, на обвинителна клупа остануваат уште тројца. Судењето продолжува следниот вторник.