Македонија
18. јуни 2021 - 16:49

Нови правила за влез во Грција - не треба ПЦР за деца по 12 години, за возрасните може и рапид тест

Протоколите за влез во Грција остануваат исти. Информациите дека од денеска тие ќе бидат олеснети биле шпекулации.Според најавите до понеделник промени нема да има и секој кој ќе реши да патува кај јужниот сосед мора да ја има задолжителната ПЛФ најава, ПЦР тест или сертификат за вакцинација со поминати минимум 14 дена. ПЦР тестот и понатаму е задолжителен и за децата над 5 години. За ова биле известени и македонските погранични служби на средба што ја имале со нивните колеги од граничниот премин Евзони.

- Имавме контакти токму поради ваквите шпекулации и поради зачестените јавувања од страна на граѓаните со цел да се информираат. Стапено е во контакт со командирот на граничен премин Евзони и апсолутно ги демантира ваквите шпекулации, не е точно. Нема најава сега, значи во моментот за овој викенд дека ќе има некои промени. За понатаму доколку има благовремено би не известиле, тоа се работи од понеделник натаму, вели Јасмина Аврмска - Командир на ГП Богородица

Инаку поради продолжениот викенд денеска на граничниот премин Богородица беше регистрирана зголемена фреквенција. Само до пладне кон Грција се упатиле над 3500 патници од кои речиси половината биле македонски државјани.

- Присутни се наши македонски граѓани кои заминуваат за Република Грција на продолжен викенд, но присутни се и останатите, српски државјани, романски и така натаму. Вкупна бројка од шест часот сабајле, значи од утрово, за излез 1695 македонски ја напуштиле државата. До 12 часот се овие податоци, а вкупната бројка за излез изнесува 3517, вели Аврамска.

Од граничниот премин Богородица информираат дека и покрај зголемениот број на патници задржување на македонска страна нема. Работат на седум излезни ленти а максималното време на чекање е од 3 до 5 минути.