Нови обвиненија за сексуално злоупотребување против Куба Гудинг Јуниор
Уште две жени го обвинуваат оскаровецот Куба Гудинг Јуниор за сексуално злоупотребување, јави ТМЗ повикувајќи се на полициски извори.
Гудинг Јуниор (51) е обвинет уште од три други жени, чии поплаки датираат од 2008, 2013 и 2015 година. Сите случаи се како по шаблон, бидејќи сите се случиле во барови и ресторани во Менхетн.
Една од жртвите тврди и дека глумецот ја допрел непристојно одзади во хотел во Сохо, во 2018 година. Другата, пак, вели дека ѝ ја ставил раката под здолништето.
Адвокатот на холивудската ѕвезда, Марк Хелер, го потврди само првото обвинение против неговиот клиент, како и тоа дека досега се поведени обвиненија само за два случаја.
– За настанот од 2018 година сметаме дека тоа е единственото ново тврдење, додадено кон обвинението. Веруваме дека е целосно невистинито и воопшто нема да дојде до никаква казна, изјави Хелер.
Оскаровецот за филмот „Џери Мекгвајер“ беше и уапсен во јуни за посегнување кон 30-годишна жена, во пијана состојба, против нејзина волја. Гудинг Јуниор ги отфрли овие наводи, тврдејќи дека тој посегнал по нејзината рака, а не нејзините гради, како што тврди таа.
Ново на Сител
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев