Нови напади на Трамп врз „Њујорк Тајмс“
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики за американски медиуми и посебно кон весникот „Њујорк Тајмс“, кој напиша дека новиот претседател е во изолација во Белата куќа, а неговите соработници немаат никакво искуство.
- Слабиот „Њујорк Тајмс“ објави измислици за мене. Веќе две години се прават погрешно, а сега измислуваат стории и извори!, напиша Трамп на Твитер.
Во неделата „Њујорк Тајмс“ објави напис, според кој, во Белата куќа има многу мала екипа која не знае ништо за дејноста на федералната Влада. Весникот се повикува на владини службеници, помошници на конгресмени и поранешни службеници, повеќето неименувани.
Во статијата се тврди дека советниците заседавале во темница, бидејќи не го откриле клучот за осветлувањето. Весникот додава дека Трамп често ги поминува вечерите сам во Белата куќа, бидејќи сопругата и синот живеат во Њујорк.
Трамп долго време поминува пред телевизор во бањарка „и се чувствува се полошо од притисокот на обврските и од протестите кои не запираат“.
Според весникот, шефот на Кабинетот, Рајнс Прибс и главниот стратег Стив Бенон се „двата центра на власт во конфликт“.
Портпаролот Шон Спајсер изјави дека „претседателот на гледа телевизија во бањарка“ - Таа сторија е полна со грешки и весникот треба да му се извини на претседателот“, рече Спајсер.
Освен тоа Белата куќа објави список со 78 напади на ИД и на кои медиумите не им дале доволно внимание. Тој список е објавен откако Трамп изјави дека „во многу случаи, медиумите не сакаат да пишуваат“ за нив. Во тој список е и нападот во Ница од 14 јули во кој загинаа над 80 луѓе.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај