Македонија
12. October 2020 - 16:44

Нови кластери во текстилните фабрики

На инфективното одделение во штипската клиничка болница во моментот се хоспитализирани 48 пациенти. 41 од нив се позитивни, а 7 се суспектни дека се инфицирани со корона вирусот. На 14 им е потребна повремена кислородна поддршка, а останатите се со средно тешка клиничка слика. Инфективното одделение е регионален ковид центар за истокот и во него се хоспитализираат пациенти од општините од целиот регион.

- Иако бројот на активни случаи во регионот постепено се зголемува, на одделението во последниот едно месечен период, бројот на хоспитализирани се движи околу 50, што е близу до максимумот, зашто вкупниот капацитет е 55 кревети.

Доколку ситуацијата ескалира, планирано е поставување на монтажни модули во близина на детското одделение, за прием на 42 пациенти. Во регионот предничи Кочани со 221 активни случаи, а следува Штип со 119, со тенденција за зголемување, зошто според последните информации, по пауза од два месеци, повторно се евидентирани позитивни на Ковид 19 во фабрика во ТИР зоната и во една помала конфекција.

Од почетокот на епидемијата вкупно на Истокот инфицирани се 2500 лица, 50 од нив ја загубиле битката со корона вирусот, а ¾ или 1890 ја надминале заразата.