Македонија
14. August 2017 - 19:41

Нови детали за убиството на Боку Леку: Му пукал повеќе пати во глава па избегал со мотор

Попладнево на плажа во Струга во 17 часот е убиен Дилавер Бојку Леку, а според податоците на Мкд.мк, најверојатно се работи за крвна одмазда, за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Инаку, според податоците, Бојку Леку бил убиен со куршум во челото, а потоа напаѓачот по кој полицијата трага, избегал со моторцикл. Лекари во струшката болница информираа дека најверојатно Бојку бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

Се очекуваат повеќе детали.