Свет
26. December 2016 - 11:48

Нови детали за падот на рускиот авион - се урна на само 6 километри од пистата

Службите за потрага и спасување ја идентификуваа пректираната точка на ударот на авионот ТУ-154 на површината на Црното море, изјави извор од центарот за итни случаи.

Како што дознава Агенцијата Тас благодарение на тоа што авионот паднал толку близу до пистата поголеми парчиња од трупот може да се пронајдат на тоа место.

Според истиот извор, местото на ударот е лоциран во Црното море, шест километри од пистата.

Спасувачките екипи ги лоцираа остатоците од леталото на околу 1,5 километри од брегот, на длабочина од 50 до 70 метри. Авионот исчезнал од радарот во 5 часот и 40 минути по московско време кратко по полетувањето од Сочи.