Нови детали за хоророт: Откриено како Тања си го уби осуммесечното бебе
На Тања Лакиќ Махуд, 37-годишната мајка монструм од Србија и се суди за тешко убиство на нејзиното осуммесечно бебенце. Хоророт кој го потресе регионот се случи во септември минатата година, а по страотното убиство, таа го фрли детето во корпа.
Мајката се сомничи дека на својата ќеркичка Ања и дала метадон, а кога детето починало, го оставила на тераса, во ќесе за отпадоци. Потоа, си ги пресекла вените.
По долгите истражувања и анализи, утврдено е дека мајката му дала метадон на детето, така го усмртила, па го фрлила, велат од Судот.
Полицијата во станот на Тања дошла по пријавата од нејзината мајка. Таа испаничена се јавила во полиција велејќи дека нејзината ќерка ја нема со денови да и се јави на телефон. Жената беше најдена со пресечени вени,видно дезориентирана, а откако полицијата го пребарала местото, го нашла и бебето фрлено на терасата. Откако се освестила, Тања не можела да каже каде е бебето, не се сеќавала на ништо, тврдела дека го оставила кај другарка.
Обдукцијата покажа дека полицијата го пронашла бебето откако веќе било мртво неколку денови. Дозата метадон била смртоносна за него.
Мајката на Тања не е во состојба да го коментира убиството и трагедијата која се случи во нивното семејство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација