Балкан
4. January 2018 - 17:50

Нови детали за грозоморното убиство: Дошла на прослава, ја вратија во ковчег, момчето што ја задави преживеа

Чанад Чеке (29) од селото Гунарош кај Бачка Топола ја убил својата девојка Бланка Кемивеш од Чатавир во близина на Суботица по дочекот на Нова година во Сегедин, а потоа се обидел да изврши самоубиство.

Чанад и Бланка, двојката која била во врска од октомври минатата година, се упатила во Унгарија за пречекот на Новата година. Меѓутоа веќе попладне на првиот ден од 2018 година во станот на другарката на Бланка во Сегедин, каде отседнале, дошло до кавга при што момчето со голи раце и нанел на девојката смртоносни повреди. Според некои извори, Чанад ја задавил Бланка

Кавгата почнала на улица

Локалните известуваат дека кавгата меѓу нив избила на улица пред зградата во која се случило злосторството. Очевидците велат дека на клупата покрај влезот останала кесата со лебот која Чанад и Бланка претходно ја купиле.

-Откако ја усмртил својата девојка, момчето се обидело да се убие со кујнски нож. Меѓутоа веднаш потоа повикал брза помош, наведуваат локалните медиуми.

Раните кои си ги нанел очигледно не биле многу тешки, зошто имал сила да се симне од четвртиот кат пред зградата и да го почека возилото на брза помош и лекарите. Сведоците тогаш го виделе крвав.

Чанад е префрлен во болница, а на несреќната Бланка и немало помош. Полицијата верува дека мотивот за убиство и обидот за самоубиство биле љубовните проблеми кои двојката ги имала.

Соседите на Чанад Чеке велат дека се шокирани од злосторството.

-Се уште не можеме да веруваме што се случило. Покојната девојка не ја познаваме, рекоа мештаните од Гунарош.

Занемеле од тага

Во Чантавир сите занемеа од тага. Некои членови на семејството Кемивеш вчера отпатуваат во Сегедин по телото на Бланка, а останатите примаа сочуство во семејната куќа.

Бланка била омилена во друштвото, а и помагала и на мајката во водењето на книговодствена агенција.