Македонија
18. April 2018 - 11:02

Нови детали: Полициско возило се заби во Ауди, има повредени

Полцициско возило удри во Ауди, во несреќата две лица завршија во болница. Како што информираат од СВР Скопје, вчера  во 13,35 часот на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет Спарк“, сопственост на МВР, управувано од Г.Л.(41) и патничко моторно возило„Ауди“ со скопски регистерски таблици, управувано од И.Т.(37) од Скопје. 

Во негодата И.Т. и неговиот четиригодишен син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.