Македонија
3. August 2015 - 22:44

Нови детали: Неколку повредени во сообраќајката во Аеродром

Неколку лица се повредени во сообраќајката што се случи попладнево во скопската населба Аердором.

Во сударот што се случил на крстосницата спроти Мајчин дом учествувале три возила „шкода јети“, „форд“ и „ауди“.

aerodrom soobrakajka 1 infomaks

Тројца од повредените се пренесени во болница.

Според очевидци, до сообраќајката дошло откако едно од возилата поминало на црвено.