Нови четири заразени, петмина излекувани од коронавирусот во Косово
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира вечерва за четири нови случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 112, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според објавата на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 92 лица за кои постоело соменување дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари до вечерва изнесува 1.267.
Сите четири нови случаи се заразени од контакти со лица кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Двајца од нив се од северна Митровица и по еден од Вучитрн и Малишево.
Министерот за здравство Арбен Витија преку својата страница на Фејсбук објави вечерва дека кај четири лица кај кои претходно било потврдено присуството на Ковид-19 денеска по втор пат резултирале нгативни, што според препораките на Светската здравстена организација се смета дека се излечени.
Со денешните четворица, брјот на излечени од заразата во Косово, од 13 март кога се појави првиот случај, достигна до пет, а забележана е и една жртва.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд