Свет
25. October 2017 - 0:00

Нови безбедносни правила на летовите кон САД

Нови, построги правила на сите летови кон САД ќе почнат да се применуваат од четврток, меѓутоа меѓу нив веќе не се наоѓа забраната за внесување преносливи компјутери во авионите.

Авиокомпаниите соопштија дека новите мерки, меѓу кои би можеле да бидат и кратки безбедносни интервјуа со патниците, почнуваат в четврток.

Со мерките ќе бидат опфатени 325.000 патници, на околу 2.000 летови кои дневно пристигнуваат во САД, како и 180 авиокомпании од 105 држави.

САД ги најавија новите правила во јуни оваа година, со цел да се укине забраната за внесување електронски апарати во авиони од 10 аеродроми во осум држави на Блискиот исток и од Северна Африка.