Македонија
4. December 2015 - 8:46

Нови алатки за развој на инспекциски служби

Прирачник за вршење инспекциски надзор, електронско решение за потребите на Инспекцискиот совет и сертификација за стандарди на инспекторатите, се новите алатки што ги креираше Инспекцискиот совет и инспекторатите, со поддршка на УСАИД.

Новите алатки, што ќе бидат промовирани денеска, треба да придонесат за институционален развој на Инспекцискиот совет и инспекциските служби, како и за зголемување на оперативната ефикасност на инспекторите при спроведување инспекциските надзори

Прирачникот за методологија за вршење на инспекцискиот надзор обезбедува рамка за организирање и водење инспекциски надзори на правните субјекти. Во него се опишуваат активностите и процесите во постапката на вршење на теренските инспекциски надзори доволно детално за да може да се применат на сите инспекциски надзори опфатени со Законот за инспекциски надзор и другите прописи поврзани со инспекцискиот надзор.

Новото електронско решение наменето за Инспекцискиот совет, пак, треба да обезбеди подобра комуникацијата и размена на податоци помеѓу Инспекцискиот совет и релевантните инспекциски органи со цел да се подобри взаемната соработка и транспарентноста на институциите.

Со приемна на стандард за менаџмент со квалитет во рамките на Државниот пазарен инспекторат, треба да се стандардизираат процедурите и да се зголеми ефикасноста во работењето на институцијата.