Нови 14 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 224 заразени, 37 излекувани и шестмина починати
Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани седум случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 14 носители на вирусот, по што официјалната бројка на заразени од Ковид-19 во земјата достигна до 224, објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК).
Вклучително вчерашните седуммина, бројот на лица кои и по две последователни испитувања резултираа негативни на новиот вирус, што, според критериумите на Светската здравствена организација, значи дека се излекувани, се зголеми на 37.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вчера е забележан и еден нов смртен случај како последица на заразата, со што бројката на починати лица дијагностифицирани со Ковид-19 во Косово се искачи на шест. Вчерашната жртва, 66-годишна жена од село во општина Малишево, како и останатите петмина кои претходно починаа поради заразата, страдала и од други тешки болести, а била примена на 4 април во тешка здравствена состојба.
Во средата во лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК се тестирани примероците на 218 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.570.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење