Балкан
1. January 2016 - 9:27

Новата година весело дочекана во регионот

Новата година весело беше дочекана во Хрватска, БиХ и Србија - на плоштади со огномет, но и во домашна атмосфера.

Многубројни загрепчани и туристи ја дочекаа Новата година на плоштадот Бан Јелачиќ каде со сограѓаните последните секунди од 2015 година ги одбројуваше и градоначалникот Милан Бандиќ. Дополнително атмоферата ја подгреа 5-минутен огномет што почна точно на полноќ. 

Новата 2016 година граѓаните на БиХ ја дочекаа во семејна атмосфера, но во некои градови дочекот беше организиран и под ведро небо.

Илјадници жители на Сараево и туристи присуствуваа на јавен дочек на 2016 година организиран на градскиот плоштад со огномет и богата забавно-музичка програма под наслов Одиме лудо, одиме силно во новата 2016 година.

И во Белград и погоемите српски градови со песна, петарди и огномет беше дочекана новата 2016 година, јави Тајнуг. Граѓаните воглавно млади, Новата година ја дочекаа на плоштади, многумина во ресторани како и во своите домови.