Loading Video...
Тенис
6. July 2019 - 19:42

Новак Ѓоковиќ ја прослави победата против Хуркач со „Македонско девојче“

Лесна победа за Рафаел Надал на Вимблдон. Во три сета елиминиран  Французинот Вилфрид Цонга кој  покажа немоќ против големиот фаворит и воопшто не успеа да го загрози сервисот на Надал  освојувајќи вкупно 9 поени во сервис-гемовите на Шпанецот.

            Надал во осминафиналето ќе игра со победникот од дуелот Еванс – СОуза кој е во тек.

            „Не го посакувате  Цонга во третото коло на  Вимблдон, но ова беше мој ден. Играв добро од почетокот до крајот. Одлично сервирав, враќав и посебно ме служеше бекхендот“ изјави по мечот среќниот Надал.

            Уште посреќен од Надал  сигурно беше Новак Ѓоковиќ кој денеска го славеше пласманот во 3. Коло со песната Македонско девојче и посака да е во Охрид барајќи од фановите да му испратат фотографии од македонскиот бисер.

            Овој момент го забележа и македонскиот премиер Зоран Заев кој експресно го покани српскиот тенисер да го посети Охрид упатувајќи му отворена покана од владата и македонските граѓани.

            Да потсетиме Ѓоковиќ вчера го елиминира полјакот Хуркач  и во осминафиналето ќе игра со Французинот Уго Амбер.