Нова зграда во Неготино за 62 социјално ранливи семејства
Во Неготино денеска почнаа градежни работи за нова социјална зграда во која ќе има 62 станови за социјално ранливи категории граѓани.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески нагласи дека Владата е силно фокусирана во изградба на социјални згради и решавањето на проблемите на социјално ранливите категории.
– Во изминатиот период заедно со директорот на Јавното претпријатие за станбен и деловен пристор ја посетивме општина Пробиштип каде исто така започна градбата на социјална зграда со 48 станови. Зградата во Неготино ќе има 62 стана и ќе помогне во решавањето на станбеното прашање на социјално загрозени семејства, рече Сугарески.
Тој додаде дека во текот на оваа година се планира да стартуваат градежните работи за социјални станови во Гевгелија, Пехчево, Свети Николе, Велес, Виница, а во Бутел во Скопје се планирани околу 312 станови.
Со претходните две и најавените осум, до крај на годинава треба да се заокружи проектот Ф/П 1674, за станови за социјално ранливи категории.
Неготинскиот градоначалник, Тони Делков нагласи дека во Неготино првпат се гради социјална зграда. – Општината останува посветена на решавање и на сите други проблеми кои се од социјален карактер, рече Делков.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“