Џет-Сет
28. May 2016 - 20:45

Нова војна на естрадата: По Карлеуша и Цеца се скараа најзгодните русокоси!

По Карлеуша и Цеца како и Карлеуша и Дара Буба Мара, уште две пејачки почнаа војна на српската естрада. Се работи за Радмила Манојловиќ и Милица Тодоровиќ, двете згодни русокоси од сцената.

Караниците ги започнала Милица Тодоровиќ, која заедно со Рада е на судиското столче во "Неки нови клинци". Таа била незадоволна од хотелското сместување зошто Радмила имала поубава соба од нејзината, а се разбеснила и зошто имале исти сандали.

- Моите се поубави и поскапи. Исто така имам и фустан како твојот но не го купив на распродажба, рекла Милица.

Радмила и возвратила: - Јас пак слушнав дека си рекла дека сум најубава и дека имам најубави нозе на естрадата.

Радмила објаснила дека Милица е добра, но знае да избувне.