Балкан
18. April 2016 - 13:28

Нова трага: Пронајдена торба на местото на убиството на Јелена

До полицијата стигна торба со лични работи на непознато лице, пронајдена во каналот во Борча.

Во близина на местото на кое е пронајдена спортска торба последне пат е видена жива пејачката Јелена Крсмановиќ марјановиќ.

Жителите на Борча го пронашле предметот во вискоата трева и веднаш го предале во полиција.

Со оглед на тоа дека торбата е пронајдена влажна и прекриена со слој кал, се верува дека е изгубена или фрлена пред повеќе од две недели, токму во времето кога е Јелена убиена. Полицијата не ја отфрли можноста торбата да има врска со трагичното случување од 2 април.

Инаку на праменот коса на брутално убиената пејачка на народна музика Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, кој е пронајден на гранка кај насипот, нема други траги, но познати, ни непознати, покажаа резултатите од спроведената ДНК анализа.

Foto: Jelena Rafailović

Праменот од нејзината која, кој е пронајден на гранка недалекув од каналот во борчанската населба Црвенка, каде е пронајдено и нејзиниото безживотно тело, не даде клуч за решавање на овој многу сложен случај. Истрагата продолжува.